Туристички Агенции

Туристичка агенција Аурора Турс

Агенцијата е основана во ноември 1990. Од самите почетоци се одликува со сериозен пристап на подрачјето на туризмот. Наредните, речиси шестнаесет години се години на перманентен растеж во сите сфери. Во своето работење повеќе се ориентираше на ексклузивните аранжмани и стана препознатлива токму по овој тип на аранжмани. Битна референца за Аурора е нејзиниот високо деловен углед, вредноста на имотот, верна клиентела која веќе долги години ги користи нашите услуги, долгогодишните партнери со кои успешно соработуваме и најважно од се долгогодишниот верен, љубезен и квалификуван кадар кој е специјализиран за различни профили и е спремен да излезе во пресрет и да ги исполни барањата на пробирливите коминтенти.

Туристичка агенција Балкан Фан Македонија

Balkan Fun Macedonia е есклузивен партнер на и дел од Fun group trevel за територијата на Р.Македонија. Fun group travel е компанија која повеќе години работи со млади, патувања и забава за младите. До сега повеќе од 20 000 млади уживале во патувањата и журките на Fun group travel.

Туристичка агенција Далас Унион Турс

Далас Унион постои веќе 20 години, од 1993 година. Работи како агенција со лиценца А на туристичкиот пазар во Македонија. Агенцијата има добра соработка со хотели во Македонија и во странство .Познати сме по успешните тури за Романија , така наречената ДРАКУЛА ТУРА ,која наиде на голем интерес и стана еден од најбараните аранжмани во Македонија. Во 2008 година Далас Унион стана главен тур-оператор за Албанија каде што имаше закупено 32 хотели во познатите места Драч , Валона , Саранда. Истата година агенцијата закупува 10 хотели на Копаоник. Во Ноември 2008 година се потпиша договор за ексклузивитет со Фондацијата на Археолошки парк Долина пирамида Сунца и со тоа стана главен тур-оператор за посета на Босанските пирамиди. Во 2009 година потпиша договор со ТРАНСОРИЕНТ

Туристичка агенција Ексклузив Травел

ЕКСКЛУЗИВ ТРАВЕЛ е формирана во 2012 год. како приватна туристичка агенција во Скопје. Формирана од тим од врвни професионалци со долгогодишно искуство во туризмот. Во изминатиот период на работа стекнавме многубројни клиенти кои денес останаа лојални на нашите услуги. На Вас почитувани клиенти ви нудиме професионална соработка, максимално информираност како и комплетна асистенција при организација на башите бизнис патувања, авионскиот билет, семинари, хотелски сместувања, трансфери и транспорт било каде во светот. За потребите на нашите клиенти , нашите услуги се достапни и на располагање 24 часа во денот преку нашите инфо телефони. ЕКСКЛУЗИВ ТРАВЕЛ е компанија комплетно посветена на професионалноста. Нашите клиенти добиваат висококвалитетна услуг

Туристичка агенција Еуро Турист Клуб

Туристичката агенција “ Еуро Турист Клуб“ е една од првите туристички агенции во Македонија, која функционира уште од 1988 година, со главна канцеларија во Тетово и брои вкупно 12 вработени. Во мај 2003 год. формирана е Т. А. Еуро Турист Клуб- нејзината фирма- ќерка, со седиште во Скопје, членка на IATA иАТАМ, со лиценца А- бр. 13- 7990/ 3 за вршење на туристичка дејност. Лоцирана е на ул. Васил Главинов бр. 3 и претставува деловен простор од 60м², со 5 работни места. Секое работно место е опремено со компјутер и сите се поврзани со централен глобален резервационен систем за авио билети- Амадеус. Исто така поврзани се и со директен Б2Б систем за хотелски резервации, со моментална потврда и издавање на ваучер. Од 2004 год. Т. А. “ Еуро Турист Клуб“ е генерален застапник на Герма

Туристичка агенција Игуана Турс

„Игуана турс“ е формирана во 1991 година, во декември. Основачот на компанијата, г. Мирослав Чонев своето работно искуство го стекнал почнувајќи далечната 1976 г. во „Генералтурист” - Загреб и „Компас” - Љубљана. На почетокот со само двајца вработени, компанијата низ годините се развиваше во вистинска насока, благодарејќи на довербата и лојалноста на клиентите - пријатели на „Игуана“, па во овој момент, нашето семејство брои седум члена - колеги. Нашата цел е да се доближиме до луѓето што ги користат нашите услуги, пријателски расположени, но професионално подготвени. „Игуана“ неодамна отвори свои канцеларии во Гостивар, со надеж и очекувањe дека ќе продолжи и понатаму да го шири пријателството во останатите градови низ Македонија. Новите дечки во ко

Туристичка агенција Камелија Турс

Од 1990 година нашата агенција успешно работи на полето на туризмот во Македонија и во другите земји во Европа, Африка и Азија. Носечки активности на агенцијата се: • Организирање на научни семинари и симпозиуни во и надвор од државата • Организирање аранжмани за сите културни манифестации во и надвор од државата • Организирање на индивидуални аранжмани за подеинци или фамилии во зависност од нивните потреби и барања: едукативни, бањски, меден месец, одмор и сл. Агенцијата располага со мини автобуси за мали и големи групи,исто така располага и со високо туристички автобуси,менаџира при резервација на авионски,автобуски и возни билети Контакт јазик: Македонски, Англиски, Српски, Хрватски, Чешки, Албански, Бугарски,Унгарски и Руски.

Туристичка агенција Киниси Тур Оператор

Агенцијата е основана во април 1996. Првите две години работи како претставништво на Киниси Тур Оператор од Солун-Грција, за да во пролетта 1998 прерасне во самостојна туристичка агенција и отпочне да егзистира како самостоен правен субјект. Од самиот почеток сме насочени кон обезбедување на сите потребни сервиси за различни видови на туристички аранжмани, инвестирајки во високо квалификуван персонал, технологија и опрема. Денес Кинисси е агенција со висок деловен углед и задоволни клиенти кои долги години ги користат нашите услуги. Киниси е членка на IATA асоцијацијата и лиценцирана со А лиценца од домашната легислатива.

Туристичка агенција Медитеран

Медитеран - Агент име со долгогодишно искуство во туризмот…а воедно и една од најстарите агенции во Македонија... Основана е на 01 Ноември 1991год, чиj сопственик е господинот Ванчо Ефтимов. Медитеран поседува лиценца `А` Број 564 за вршење туристичка дејност, одобрена од Министерството за економија на Република Македонија како и полиса за Осигурување на одговорност од дејност на вредност до 100 000еур. Лоцирана е во атрактивниот центар на градот во сопствени простории на 49м2 со 5 вработени и обучени, високообразовани лица. Медитеран поседува минибус со 9 седишта, произведено 2007 година, комплетно опремено со можност за изнајмување за било какви потреби. Медитеран, туристичката агенција од 1998год е постојана членка на IATA (International Air Transport Association), Меѓународна и единс

Туристичка агенција Нехар Травел

Т.А. НЕХАР ТРАВЕЛ е основана во октомври 1993 година на темели на професионалното работење во Т.А. ПУТНИК Југославија од 1978 година. Сите дестинации се традиционални со години со внимателно одбрани хотели и квалитет на услугата, значи исклучиво професионална работа со врвен туризам. Сите аражмани се внимателно изработени, дестинациите и објектите се посетени од тимот на НЕХАР ТРАВЕЛ и направена е понуда која може да ги задоволи интересите на секого со богата програма на екскурзии и многу забава. Нашето мото е: ВАШЕТО ЗАДОВОЛСТВО Е НАША ОБВРСКА!!! Успешноста е во едноставноста и оригиналноста.

Туристичка агенција Но Лимит Травел

Т.А. НО ЛИМИТ ТРАВЕЛ е "A" лиценциран тур оператор/туристичка агенција од Скопје, Република Македонија, која започна со работа на почетокот на 2010. Наша примарна цел е постојано подобрување на нашата туристичка понуда и услуги по секогаш достапни цени, професионализам и пријателски однос кон клиентите. Нашиот тим секогаш ќе се труди да обезбеди најголемо задоволство и вредност за Вашите пари, а со цел да ги доживеете нашите патувања онака како што никогаш не сте очекувале.

Туристичка агенција Сollegium & Rapsody

Агенција број 1 за млади!!! SPRINGBREAK 2013, Екскурзии, Лето за млади 2013 Биди во тек, стисни LIKE на нашата страна:) Мисија Како агенција која претставува лидер во организирање на младински патувања на Балканот во изминатите 9 години организираме апсолвентски екскурзии за преку 80.000 млади луѓе. Професионалниот персонал на агенцијата – координатори, водичи, аниматори, обезбедување, лекари , Дj-и... се исклучиво млади луѓе кои делат твои интереси, знаат што е потребно на младиот турист: слобода и економичност, оригиналност и креативност, и гарантираат дека ќе уживаш во забавата која е поинаква и трае 24 часа дневно! Опис Добредојдовте во светот на незаборавните патувања, фантастични журки и врвни забави. Добредојдовте во свет во кој границите на класичните патувања се од

Туристичка агенција Сара Травел

Со желба да внесеме и дел од своите креативности, во пружање на туристички услуги на овие простори, како и понудата да ја збогатиме со некои нови содржини настаната е САРА ТРАВЕЛ. Иако млада по постоење, но зрела по искуство на тимот кој ја сочинува ќе стане а и засекогаш ќе остане ваш партнер за осмислување и реализирање на вашите: годишни одмори, зимувања, излети, ескурзии, семинари, саеми, шопинзи и ... ПРОФЕСИОНАЛНА, ПРЕЦИЗНА, ФЛЕКСИБИЛНА, ДИСКРЕТНА, СИГУРНА, Онаква каква што заслужувате: САРА ТРАВЕЛ

Туристичка агенција Скаут

Создавање и први чекори на Т.А. Скаут – Скопје Нашата агенција е основана во 1999 година под името ТА СКАУТ. Во тоа време агнецијата бележи значителен раст во сите области и аспекти, проширува содржини и го унапредува квалитетот на своите понуди. Туристичката агенција СКАУТ од создавањето е организирана и функционална како семејна компанија, што во оваа област на работење потврдува извонредно значителни предности кои допринесуваат за нашата успешност. ОРГАНИЗИРАНА, ОТВОРЕНА, ФЛЕКСИБИЛНА Туристичката Агенција Скаут е организирана и работно поставена како отворена, флексибилна и развојна во работниот систем во областа на туризмот. Основната работна развојна стратегија се одликува врз основа на искуствата на модерниот европски и светски туризам,

Туристичка агенција Фалкон Травел

Туристичката агенција “Фалкон Травел” во своето 10 годишно постоење и искуство во работата од областа на туризмот, со високата професионалност и квалитетна понуда ја стекна довербата на голем број клиенти. Со цел да ја задржиме довербата на постојните,но и да ја прошириме нашата соработка со нови клиенти, тимот на “Фалкон Травел” постојано ги следи современите туристички текови и секогаш е подготвен да ги понуди своите туристички услуги. Следејќи ги современите светски трендови во организирање на патувањата, ТА Фалкон Травел организира: - Туристички аранжмани - Туристички екскурзии - Хотелско сместување - Научни екскурзии - Организирање на семинари, конгреси и конференции во земјата и во странство - Изнајмување на техничка опрема и стручно лиц